Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола откако пристигна на „Етихад“ потроши 500 милиони евра за засилување на одбраната, но тоа не е доволно.
После високиот пораз од Лестер, каталонскиот стратег тргна во реконструкција на одбраната и веднаш го доведе Рубен Дијаз од Бенфика за 68 милиони евра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меѓутоа, тука не е крајот на засилувањата бидејќи Гвардиола до крајот на преодниот рок сака да доведе и лев бек.
Прва мета е ѕвездата на Баерн Минхен, Давид Алаба, кој се уште нема постигнато договор за продолжување на соработката со Баварците.
Гвардиола сака да се ослободи од Зинченко за да финансира дел од трансферот, но Баерн тешко дека ќе се согласи да го пушти Австриецот.
Како алтернатива се споменува левиот бек на Ајакс, Николас Таљафико. Холандскиот клуб а неговата слобода бара помеѓу 25 и 30 милиони евра, сума која нема да претставува проблем за „граѓаните“.