Дома Фудбал Останато Некаде оди тешко, некаде лесно, а во ПСЖ намалувањето на платите не оди никако

Некаде оди тешко, некаде лесно, а во ПСЖ намалувањето на платите не оди никако

Шампионот на Франција не успева да пронајде договор со своите фудбалери.

Клубовите ширум светот постигнаа договор за намалување на платите со своите играчи. Некаде одеше потешко, некаде полесно, а според пишувањето на „Л’Екип“ во ПСЖ не оди никако.

Наводно, играчите на ПСЖ ја одбиле секоја можност да им се намали платата во време на пандемијата со коронавирусот.

Состанокот кој требаше да се одржи помеѓу претставник на играчите и спортскиот директор Леонардо е одложен, фудбалерите според информациите тоа го прават намерно за да ја пролонгираат одлуката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Суперкупот на Шпанија се преместува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија ќе има нов дом во 2027 година, откако беше официјално претставен во …