Фудбалерите на Ајакс го елиминираа Панатинаикос во третото коло од квалификациите за Лига Европа со пенали 13:12 (0:1) по серија од дури 34 пенали.
По победата на Ајакс од 1:0 во Атина, Тете постигна гол во 89. минута за продолженија на Панатинаикос во Амстердам, а потоа и пенали, какви одамна не се видени на натпревар.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Голманот на Ајакс, 40-годишниот Ремко Пасвер одбрани пет пенали и постигна гол. Брајан Броби не реализираше ниту еден од двата пенали кои ги изведе, прво во петтата серија, па во шеснаесеттиот, двата пати за победа на Ајакс од 13:12.
Во плеј-офот од Лига Европа, Ајакс ќе игра против полската Јагелонија, додека Панатинаикос во плејофот од Конференциската лига ќе игра против францускиот Ленс.