Дома Фудбал Англија НЕВЕРОЈАТНО: Чичарито има поголема плата од Хари Кејн!

НЕВЕРОЈАТНО: Чичарито има поголема плата од Хари Кејн!

Британскиот весник „Дејли Мејл“ денес го објави списокот на најплатените фудбалери во Премиер лигата.

Очекувано, играчите на Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити се наоѓаат на челните позиции. Прв на листата на играчи со најголеми плати е ѕвездата на Јунајтед, Пол Погба кој има неделна плата од 290.000 фунти, а потоа следи неговиот соиграч Ромелу Лукаку со 250.000 фунти неделно.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Третата позиција ја делат Серхио Агуеро, Јаја Туре и Златан Ибрахимовиќ (220.000). Потоа следат Кевин де Брујн, Давид де Геа и Еден Азар со неделна плата од 200.000 фунти. Новата аквизивија на Ливерпул, Вирџил ван Дијк ќе заработува 180.000 фунти, исто колку Филипе Кутињо.

Интересно е што голгетерот на Тотенхем и една од најголемите ѕвезди на Островот, Хари Кејн е дури на 35-то место со 110.000 фунти неделно, исто колку Колошинац, Ешли Јанг и Рамзи.

Инзенадувачки е што поголема плата од него земаат Чичарито (Вест Хем), Кристиан Бентеке (Кристал Палас), па дури и голманот Џо Харт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Oва се кандиддатите за наградата „Голден Бој“: Јамал не е на листата

Реномираниот италијански весник Tuttosport секоја година го одбира најперспективниот млад …