Дома Фудбал Останато Неверојатно, но вистинито: Денеска го добивме седмиот Манчестер Сити

Неверојатно, но вистинито: Денеска го добивме седмиот Манчестер Сити

Сега е официјално, Манчестер Сити, одноно неговите арапски сопственици во своја сопственост додадоја уште еден клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Овој пат целта беше Кина, го купија Сичуан, третолигашот кој своевремено беше и во втора лига, па падна во четвртиот ранг, а сега сигурно дека веднаш ќе нападне за да се врати во втората лига.

Сити отвори уште пред две години претставништво во Шангај, бараа клуб кој во иднина може да биде и сила во кинескиот фудбал, односно има добра инфраструктура, изборот падна на Сичуан кој има стадион за околу 40,000 луѓе и е најразвиен во регионот во западна Кина.

Освен Сичуан и Манчестер Сити, „Сити груп“ во своја сопствеост има акции во шпанскиот прволигаш Жирона, Њујорк Сити, Мелбурн Сити, Јокахома Мариноса и уругвајскиот Атлетико Торкеа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Mурињо „отпишал“ тројца фудбалери на Реал, еден не сака да слушне да замине!

Жозе Мурињо ги „отпиша“ Фран Гарсија, Раул Асенсио и Едуардо Камавинга, но последниот не с…