Дома Фудбал Останато Неверојатна ситуација: Голман суспендиран на 11 месеци затоа што му светеше со ласер на колегата 🎥

Неверојатна ситуација: Голман суспендиран на 11 месеци затоа што му светеше со ласер на колегата 🎥

Во мексиканскиот фудбал видовме една неверојатна ситуација во која голманот од редовите на Тигрес, Наухел Гузман заработи суспензија од 11 натпревари затоа што на колегата од спротивниот табор му светеше со ласер.

За овој натпревар Гузман не беше во комбинација и го гледаше натпреварот од клупата, а од таму се одлучил на бизарен потег поради кој сега ќе мора да оди на пауза.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Со ласерско светло тој го попречувал чуварот на мрежата на Монтереј, Естебан Андрада. Гузман го забележиле камерите, по што дисциплинската комисија жестоко го казни. Освен суспензијата од 11 месеци, тој ќе мора да плати и парична казна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Лапорта брза да биде реизбран на чело на Барселона – го закажа гласањето на првиот можен ден

Претстојните избори за претседател на Барселона ќе се одржат на 15 март, одлучи Управниот …