Герет Бејл најверојатно ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а медумите тврдат дека веќе на маса има неверојатно богата понуда.
Манчестер Јунајтед веќе подолго време е заинтересиран за Велшанецот, па смета дека сега е вистински момент да го донесе на „Олд Трафорд“ и за тоа е спремен да плати 100 милиони евра.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Притоа, „црвените ѓаволи“ се спремни на Бејл да му понудат неделна плата од неверојатни 570.000 евра, со што би бил убедливо најплатениот фудбалер во Премиер лигата.
Бејл не добиваше голема минутажа кај Зинедин Зидин и тоа беше главната причина поради која што сака да замине, но сега се ќе зависи од новиот тренер.
Реал Мадрид е спремен да ја одбие секоја понуда за Велшанецот доколку новиот тренер сака да го задржи во своите редови.