Дома Фудбал Лига на шампиони Неверојатната игра го испрати Роналдо на допинг контрола

Неверојатната игра го испрати Роналдо на допинг контрола

Кристијано Роналдо синоќа одигра уште еден натпревар за паметење.

Практично, португалскиот велемајстор го однесе Реал до победа над Јувентус во Торино и уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите фудбалери во историјата на фудбалот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


По одличната представа и овации од трибината во Торино, Роналдо мораше да ги исполни своите обврски кон антидопинг агенцијата. Се чини дека комисијата не можеше да поверува што направил на теренот, па Роналдо после натпреварот беше тестиран за недозволиви супстанци.

Резултатите ќе бидат познати подоцна, но нема сомнение дека сè ќе биде добро, иако играта на Кристијано синоќа беше сосема нереална.

Роналдо стигна до 39. гол во сезоната, што е навистина одлично постигнување, особено кога е познато дека на почетокот на сезоната тој беше доста оспоруван поради малку послаби настапи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Хрватски голман стана сензација: Еве како се загреа на минус девет степени (Видео)

Ерзурумспор и Чорум одиграа натпревар на -9 степени, а додека останатите играчи се загрева…