Иако повеќе од една година воодушевува во НБА лигата, Лука Дончиќ се уште нема свој прекар.
Пол Пирс, легендата на Бостон Селтикс кој сега работи како ТВ аналитичар сега смисли еден за Словенецот кој можеби ќе биде прифатен.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во емисијата „The Jump“, на „ЕСПН“ Пирс го одзема прекарот на НБА ѕвездата Барон Дејвис и го додели на Дончиќ бидејќи според него повеќе му доликува.
„Неговиот прекар мора да биде „Тo Easy“ (прелесно). Со сета почит кон Барон Дејвис кои така го нарекувавме, но она што го прави Лука на паркетот изгледа прелесно“, изјави Пирс.