Дома Македонски спорт На 2 август по 38-ми пат ќе се одржи Илинденскиот пливачки маратон

На 2 август по 38-ми пат ќе се одржи Илинденскиот пливачки маратон

Шеесеттина пливачи од неколку домашни и странски клубови ќе бидат дел од традиционалниот „Илинденски пливачки маратон 2017“, што на 2 август ќе се плива во водите на Охридското Езеро.

Пливачите поделени во две категории од 10 до 15 години и од 16 години и постари ќе пливаат на 2,5 километарската патека од кај поранешниот хотел „Парк“ до Градското пристаниште.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Стартот на маратонот во двете категории е закажан за 10:30 односно 10:45 часот. Се очекува првите пливачи околу 11 часот да пристигнат на целта.

На маратонот што се одржува во организација на охридскиот пливачки клуб „Охридски бранови 2008“ ќе учествуваат и тројца млади пливачи од Здружението на граѓани за лица со дисфункција, хендикеп, ретки болести и посебни потреби „Дајте ни крилја“, кои ќе бидат придружувани од нивните тренери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…