Дома Македонски спорт На ФИФА 20 само тројца играчи се подобри мајстори од Барди за слободни удари

На ФИФА 20 само тројца играчи се подобри мајстори од Барди за слободни удари

Македонскиот репрезентативец Енис Барди е добро познат по својот разорен удар и често пати знае да погоди од прекин или со удар од далечина.

Токму поради својата специјалност Барди доби висока оценка на ФИФА 20 кога се слободните удари во прашање. Што повеќе, само тројца играчи се подобри мајстори на ФИФА од Барди.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Барди има оценка 91 и се најде на четвртото место. Пред него се само Меси со 94, додека по 92 имаат Миралем Пјаниќ и Себастијан Џовинко.

Оваа оценка сигурно е заслужена затоа што македонскиот фудбалер има одлични 24% реализација на слободните удари во Примера. Од 25 обиди во дресот на Леванте постигна шест гола. Вкупната оценка на Барди на ФИФА е 78.

Зад Барди на петтата позиција се најде капитенот на екипата на Валенсија, Даниел Парехо.

Пред само неколку дена Барди во разговор со Несторовски на Инстаграм објасни како го изградил неговиот шут – повеќе за ова тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Млад пар не можеше да си поверува, правеа фотографија и тогаш до нив помина – Меси! (Видео)

За многумина најголемиот фудбалер на сите времиња, Лео Меси, неочекувано пред две вечери с…