Ракометната репрезентација на Македонија денес сои победа против аутсајдерот Финска од 22:27 го потврди местото во групата меѓу најдобрите селекции и ќе патува на ЕП 2022.
Денес ние важевме за голем фаворит, сепак Финците прикажаа сосема солиден отпор и долго време во натпревароти маа предност. Најзаслужен што никако не можевме да направиме некоја разлика беше голманот Росландер кој го одигра натпреварот на кариерата и собра двоцифрен број одбрани. Проблем беа и седмерците, промашивме навистина многу.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Клучните минути за нашата победа беа од 46. до 55. минута кога успеавме да ги задржиме домаќините да не постигнат ниту еден гол и направивме серија од 4:0 за водство од 23:19.
Во тие минути ја видовме нашата најдобра одбрана во овој натпревар.
Следен противник на Македонија ќе биде Швајцарија со која играме во недела во „Јане Сандански“.