Дома Фудбал Италија На повидок нов проблем за Милан – Џанулуџи Донарума!

На повидок нов проблем за Милан – Џанулуџи Донарума!

На повидок нов проблем во Милано.

Милан се наоѓа во големи проблеми. Промената на тренерот не донесе ништо добро, многумина ќе кажат дека подобро беше ништо да не се менува. Џампаоло со Милан после шест кола се наоѓа на 16-тото место со само шест освоени бодови.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Она што дополнително може да ги загрижи луѓето во управата и навивачите на Милан е ситуацијата на Џанлуиџи Донарума.

Според пишувањето на италијанските медиуми младиот голман одбил двегодишно продолжување на договорот со плата од околу шест милиони евра годишно. Актуелниот договор на Донарума му истекува за две сезони и сигурно дека гигантите кои се зинатересирани за него ја следат ситуацијата.

Се споменуваат Манчестер Јунајтед и ПСЖ. Двата клуба и во текот на летото се интересираа за неговите услуги, но Милан сепак успеа да го задржи.

Во меѓувреме Де Геа потпиша нов договор со Јунајтед, додека францускиот клуб го доведе Кејлор Навас од Реал Мадрид. Меѓутоа, интересот наводно уште постои и ако не дојде до нови преговори помеѓу Милан и Донарума, Раиола би можел да крои планови за заминувањето на својот клиент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер Сити ја продлабочи кризара на Реал во Мадрид

Манчестер Сити ги искористи проблемите на Реал Мадрид и победи со 2:1 на “Бернабеу” во нат…