Oткако Агенцијата за млади и спорт ги соопшти кандидатите во изборот за „Спортист на Македонија за 2023 година“ претставниците на македонското таеквондо, Дарко Костовски, Борче Костовски и Дејан Георгиевски се огласија преку социјалните мрежи барајќи да бидат остранети од листата.
Како што е наведено во соопштението на социјалните мрежи тие се сомневаат во наместен избор на најдобрите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Имено, според наши информации на многу ефтин и неук начин и оваа година се мести изборот за спортист на годината, спортската неписменост оди до таму што уште во позициите на рангирање се истакнува елементарно спортско непознавање, единствено присутно за жал само во Македонија (ова тврдење подолу во текстот ќе биде поткрепено со крунски аргументи).
Верувам никој не верува во тоа дека изборот го прават федерациите со гласање, ако АМС тврди дека е така нека се гласа јавно ! Но секако нема. Изборот го врши АМС поточно неколку спортско неписмени луѓе“, стои во еден дел од соопштението.
Целото соопштение можете да го прочитате во продолжение.