Изминатиот викенд Манчестер Сити го победи Челзи со убедливи 6:0, а после овој натпревар следуваа голем број критики на сметка на стратегот на „сините“.
Освен по својот напаѓачки стил кој го негува Сари во јавноста е познат и по тоа што е страствен пушач.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ваквото негово „задоволство“ му донесе проблем во Англија поради тоа што за време на натпреварите не смее да запали цигара, за разлика во Серија А каде што го водеше Наполи.
Кога пристигна во Англија медиумите ги интересираше па открија дека Италијанецот пуши и по 80 цигари дневно што е навистина неверојатна бројка. Дека тешко издржува без цигари покажува и со тоа што желбата за цигари на натпреварите ја ублажува со обичен филтер.
Денес англиски „Телеграф“ излезе со жестоки критики кон Италијанецот поради неговото пушење цигари на тренинзите.
Според реномираниот англиски медиум ваквиот однос на еден тренер е крајно непрофесионален и непримерен за фудбалерите.
„Телеграф“ оди толку далеку и тврди дека Сари поради пушењето цигари на тренинзите и може да го изгуби и авторитетот во соблекувалната.
Меѓутоа на англиската јавност не и јасно зошто баш сега (после катастрофата од 6:0 на „Итихад) доаѓаат овие критики кога јасно беше и претходно дека Сари пушеше цигари за време на тренинзите.
Како и да е не веруваме дека Сари може да се промени, па останува времето да покаже дали ваквата негова навика ќе им пречи и на луѓето во управата на Челзи.