Дома Останати Кошарка На „кралевите“ не им е пријатно во Белград: Не го напуштаат својот „бункер“ ниту на пет минути!

На „кралевите“ не им е пријатно во Белград: Не го напуштаат својот „бункер“ ниту на пет минути!

Најчитаниот шпански спортски весник „Марка“ на своите насловни страни објави драматично јавување од Белград.

Вечерва во Белград Реал Мадрид ќе го игра реваншот против Партизан во третиот натпревар од четвртфиналната серија. Црно-белите имаат огромни 2:0 и со денешна победа би се пласирале на фајнл-фор турнирот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Меѓутоа натпреварот е во сенка на големиот хаос и масовна тепачка кој се случуваше на последниот натпревар во Мадрид.

„На непријателска територија“ е насловот на сајтот на „Марка“ за репортажата од Белград.

Шпанскиот тим во Белград беше дочекан со порака: „Нема да спиете“, а според тоа што го пишува овој медиум кошаркарите на Реал се во својот „бункер“ и не го напуштаат ниту на „пет минути“.

На целиот пат од аеродромот до хотелот иамло навреди со закани преку транспаренти на мостовите.

Навивачите на Партизан ќе направат се за во Реал да не се чувствуваат пријатно, меѓутоа и нема да смеат да ги поминат границите затоа што во таков случај ако нивниот тим загуби, четвртиот натпревар во Белград ќе се игра пред празни трибини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јокиќ им држи лекции на судиите, а тие мирно стојат и слушаат (Видео)

Екипите се подготвуваат, а од Никола Јокиќ повторно се очекува да го води Денвер Нагетс. С…