Пред четири години на денешен ден целиот свет беше во шок од трагичната вест за смртта на славниот Коби Брајант, еден од најголемите кошаркари, но и спортисти воопшто.
Брајант животот го загуби во пад на приватниот хеликоптер во кој беа уште осум лица меѓу кои и неговата ќерка Џана.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со Брајант во хеликоптерот кој патува кон академијата „Мамба“ која е во близина на Лос Анџелес беа уште: Бејзбол тренерот Џон Алтобели, неговата сопруга Кери и ќерката Лиса, кошаркатскиот тренер Кристина Маузер, младата кошаркарка Пјетон Честер, нејзината мајка Сара и пилотот Ара Зобајан.
Истрагата покажа дека сите деветмина загинале по ударот на хеликоптерот во тлото и експлозијата. Исто така беше утврдена вина кај пилотот бидејќи летал во облаци иако тоа било забрането.
Коби во својата кариера играше за ЛА Лејкерс и за 20 години поминати во НБА лигата постигна 33.643 поени, освои пет титули, 18 пати беше дел од Ол-стар натпреварот и двапати освојуваше злато со САД на олимписките игри.