Капитенот на фудбалерите на Бетис Хоакин Санчез (38) го продолжи договорот со клубот од Севиља до 2021 година, иако е во поодминати фудбалски години.
Бетис на својата официјална страна објави: Реал Бетис не може без својот капитен, идол и легенда.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
И Хоакин е убеден дека има што да даде.
„Мислам дека сум на врвот од кариерата“, изјави Хоакин кој оваа сезона постигна шест гола.
? OFFICIAL | An extra year of LEGEND: Joaquín and #RealBetis extend their contract until 2021 ??
— Real Betis Balompié (@RealBetis_en) December 26, 2019
Don't ever retire, captain! ✨?
➡ https://t.co/0HF1YXwbwG pic.twitter.com/4Ci0tHldi1
На почетокот на декември Хоакин запиша хет-трик во натпреварот од Ла Лига и со 38 години и 140 дена стана најстариот играч на кого тоа му успеало, надминувајќи го Алфредо Ди Стефано кој во 1964 година на 37 години и 255 дена постигна три гола на еден натпревар.
„Морам да продолжам да уживам и да ги правам Бетискосите среќни. Стигнав тука пред 23 години и ќе бидам уште една“, изјави капитенот на шпансиот тим.