Вечерва се играат вторите четвртфинални натпревари на Мундијалот во Русија, по кои ќе го добиеме и парот за второто полуфинале.
Од 16:00 часот на во „Космос Арената“ во Самара ќе играат Шведска и Англија, за судија на овој натпревар е одреден Бјорн Кјуперс.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Шведска е хитот на првенство и дефинитивно најголемото изненадување. Стигнаа до четвртфиналето, иако дома го оставија најголемиот во нивната историја. Да, Златан Ибрахимовиќ може да зборува што сака, но факт е дека оваа Шведска игра подобро без него. Не е тоа ниту прв, а сигурно нема да биде последен случај во кој главната ѕвезда се покажува како проблем во екипата. Едноставно, колку и да е добар, не може сам да победува, сега Шведска плени со играта како тим и цврстината во одбраната.
Фановите на Англичаните не очекуваа многу од оваа селекција, но како што одминуваше првенството апетите растеа и сега целта е јасна – светска титула. Посебно апетите беа зголемени после поволниот ждреб, а ако дојдат до финалето таму е се можно. Против Колумбија скршија и едно проклетство, победија на пенали начин на кои редовно испаѓаа од големите натпреварувања.
Можеби ова е навистина нивна година, а во тоа е убеден и дефанзивецот Џон Стоунс: Дојдовме тука да го освоиме првенство. Тоа ми беше желба како дете, а сега имам можност за таква нешто“.
Веројатни состави:
Шведска (4-4-2) – Олсен, Крафт, Линделоф,Гранквист, Аугустинсон, Класон, Ларсон, Екдал, Форсберг, Тоивонен, Берг.
Англија (3-5-2) – Пикфорд, Вокер, Стоунс, Магире, Трипиер, Лофтус-Чик, Хендерсон, Лингард, Роуз, Стерлинг, Кејн
Според коефициентит јасно фаворит е Англија. Во оналјан обложувалницата „Coinbet24“ за победа на Англија се доделува коефициент од 1.92, додека за победа на Шведска коефициентот изнесува 4.55, за реми 3.20.
Oд 20:00 часот се игра второто четвртфинале, а тука ќе се сретнат домаќинот Русија и Хрватска. Овој натпревар се игра на стадионот во Сочи. Правдата на оваа средба ќе ја дели Бразилецот, Сандро Ричи.
Домаќинот стигна навистина далеку на овој Мундијал, руските медиуми пред почетокот на првенството ја означуваа репрезентацијата како најлоша во последните 10-15 години, но демантирани беа после првиот натпревар (победа од 5:0 против Саудиска Арабија)
Во осминафиналето направија големо изненадување елиминирајќи ја Шпанија. Русите успеаа да одиграат 1:1 во регуларните 90 минути и дополнителните 30 минути продолженија, а беа подобри во пенал рулетот.
Од друга страна тука е Хрватска која според светските медиуми можеби покажа и најмногу на овој Мундијал, со исклучок на осминафиналето каде што се мачеа против Данска.
Како и Русија и Хрватска четвртфиналето го обезбеди после изведувањето на пенали, натпреварот заврши со идентичен резултат (1:1). Треба да се истакне и дека Хрватите немаат пораз на последните осум натпревари.
Веројатни состави
Русија (5-3-2) Акифеев, Грнат (Жирков има мала повреда), Курдашов, Игнашевиќ, Кутепов, Френандес, Кузјајев, Зобнин, Самедов, Головин, Џуба.
Хрватска (4-2-3-1): Субашиќ, Вршаљко, Ловрен, Вида, Пивариќ (Стриниќ има мала повреда), Ракитиќ, Брозовиќ, Ребиќ, Модриќ, Перишиш, Манџукиќ.
Обложувалниците ја фаворизираат Хрватска и тоа е сосема очекувано. Во „Coinbet24“ за победа на Хрватска добивате солиден коефициент од 2.22, за победа домаќинот од оваа обложувалница се одлучија да ни доделат коефициент 3.70, за реми изнесува 3.00.