Првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин пред претсојното Европско првенство ова лето даде интервју во кое зборуваше и за инфраструктурата во Хрватска.
Хрватска е репрезентација која во последните години имаше успех на големите натпреварувања, но сега Чеферин ги критикуваше поради инфраструктурата нарекувајќи ја срамна.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Инфраструктурата во Хрватска е срамна. Словенија има подобра инфраструктура, а ние сме помала земја и со помали фудбалски успеси. Иако и тука државата не инвестирала ниту евро во фудбалската инфраструктура. Мило ми е што се зборува национален стадион и за голем инвестици иво спортот, се надевам дека не станува збор само за изборна кампања.
Од федерацијата ми велат дека инвестираат, но според мене Хрватска нема ниту еден стадион кој може да биде домаќин на сериозен натпревар. Најдобар е стадионот во Ријека, Осијек има нов стадион, о е премал. „Пољуд“ и „Максимир“ се срам“, изјави Чеферин.