Дома Фудбал Игуаин го промени спортот. Oсвои турнир и доби награда од 300 долари

Игуаин го промени спортот. Oсвои турнир и доби награда од 300 долари

Гонзало Игуаин одигра речиси 800 натпревари во својата блескава кариера и постигна вкупно повеќе од 360 голови за Реал Мадрид, Јувентус, Наполи и аргентинската репрезентација. Од минатата година е во пензија, а се сврте кон нов спорт. Иако на пониски нивоа, брзо докажа дека и во тоа може да биде успешен.

Повеќекратниот освојувач на титули во Шпанија и Италија, финалист во Лигата на шампионите и освојувач на Лига Европа и сребрен медал на Светското првенство во 2014 година, почна да игра падел. Фудбалската кариера ја заврши во Интер од Мајами, а во тој град остана да живее со семејството. Најголем дел од времето го поминува во кругот на семејството, но наоѓал време и за своето хоби од кое почнал да заработува.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Ова не се милионите на кои беше навикнат во кариерата како фудбалер, повеќе симболични награди кои се доделуваат на победниците на локалните турнири. Еден таков Игуаин победи во пар со Тарек Дехам и доби чек од 300 долари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Меси нема дилеми која е новата ѕвезда на Барселона: Тој е сегашност и иднина!

Лионел Меси веќе години е далеку од Барселона, но засекогаш ќе биде поврзуван со овој клуб…