Дома Фудбал Светско првенство во фудбал НАЈАВА МУНДИЈАЛ: Јужна Кореја – селекција предводена од ѕвездата на Тотенхем

НАЈАВА МУНДИЈАЛ: Јужна Кореја – селекција предводена од ѕвездата на Тотенхем

koreja

Од 14-ти јуни до 15-ти јули фудбалот ќе биде главна тема во целиот свет, а се останато ќе биде споредно. Мундијалот се враќа на Стариот континет и ќе се одржи во Русија, поточно на 12 стадиони во 11 градови.

Натпреварите во групната фаза на Мундијалот 2018 ќе се играат од 14:00, 16:00, 17:00 и 20:00 часот по македонско време, а ќе има и еден кој ќе започнува од 12:00 часот.
Како што знаете нашата редакција секој ден ви претставува „лична карта“ на по една репрезентација. Стигнавме до групата Ф каде што денес ви ја претставуваме последната селекција од оваа група – Јужна Кореја!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


ЈУЖНА КОРЕЈА

Кореја е аутсајдерот во групата Ф каде што ќе игра заедно со светскиот шампион Германија, Шведска и Мексико.За Јужно Корејците ова ќе биде 10-ти настап на светските првенства. Мундијалот го започнуваат на 18-ти јуни во натпреварот против Шведска. Пет дена подоцна ги очекува средба против Мексико и за крај на групната фаза ќе играат против светскиот шампион Германија.

Кореја место на Мундијалот обезбеди во конкуренција со Иран, Сирија, Узбекстина, Кина и Катар. Во групата А квалификациите ги завршија како второпласирани со 15 освоени бодови зад Иран кој беше победник во групата. Корејците стигнаа до учинок од четири победи, три нерешени средби и три порази со гол разлика од 11 постигнати и 10 примени погодоци.

На Мундијалот ќе настапат во гарнитура дизајнирана од светски познатата компанија „Најк“.

Вчерашниот ден беше последен за објавувањето на конечниот список, па така познати се и фудбалерите кои ќе ги бранат боите на оваа репрезенација во Русија. Секако, најголема ѕвезда во нивниот состав е фудбалерот на Тотенхем Сон Хеунг Мин, а тука е уште и играчот на Свонси, Ки Судгеунд.

Обложувалницата „Coinbet24“ веќе од поодамна ги објавено коефициентите за Мундијалот, па така со оглед на тоа дека Корејците се аутсајдер за победници во својата група добиваат огромен коефициент од 20.00.

Првиот натпревар го играат против Шведска и букмејкерите токму тука има даваат најголеми (какви-такви) шанси за освојување на бодови. Кореја за победа против Шведска добива коефициент од 3.80, додека на Швеѓаните им се дава 2.10, за реми коефициентот изнесува 3.20.

Против Мексико за победа добиваат коефициент од 4.95, додека на Мексиканците им се доделува коефициент од 1.90, за реми коефициентот изнесува  3.30.

Во последниот натпревар против светскиот шампион тие се тотален атусајдер. Па така за победа која би била еднаква на сензација добиваат коефицент 10.00, за реми тој изнесува 5.30, додека за победа на Германија добивате коефициент од 1.31.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…