Дома Фудбал Репрезентации Oткриен скандал: Сон се степал со фудбалерот на ПСЖ!

Oткриен скандал: Сон се степал со фудбалерот на ПСЖ!

Репрезентацијата на Катар ја одбрани титулата во азискиот Куп откако во големото финале лесно го совлада Јордан, селекција која беше најпријатно изненадување на турнирот.

Јордан со самиот пласман во финалето направи историски успех, меѓутоа во финалето не успеаа да направат ново изненадување.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Претходно во полуфиналето Јордан беше подобар од Јужна Кореја со 2:0, а сега една недела подоцна во спортската јавност се појави нов скандал кој го потврди корејската федерација.

Имено, Сон имал забелешка за тројца помлади соиграчи кои порано станале и ја прекинале тимската вечера пред полуфиналето за да играат пинг-понг. Тоа го налутило Сон кој дури влегол и во физичка пресметка со Канг Ин.

Фудбалерот на ПСЖ реагирал бурно и го удрил со тупаница постариот колега, по што Сон се обидел да возврати и си ги повредил двата прста во овој инцидент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Енрике пред полуфиналниот спектакл во Лигата на шампиони: Ниту еден тим не е подобар од ПСЖ

“НИТУ еден тим не е подобар од ПСЖ,” изјави тренерот на париската екипа Луис Е…