Дома Македонски спорт Мак ракомет Најава и анализа: Македонија брка втора победа, но Бахреин не смее да се потцени

Најава и анализа: Македонија брка втора победа, но Бахреин не смее да се потцени

Македонија по победата над Јапонија очекува уште една победа на Светското Првенство во ракомет. На ред е дуел против Бахреин кој е голем аутсајдер на овој меч, но во исто време и селекција која не смее никако да се потцени.

Раул мора да промени нешто во играта во напад

Македонската гол-машина Кире Лазаров се уште е најсилната алка на тимот и повторно тој ја преземе најголемата одговорност кога станува збор за офанзивата. Сепак, тоа е веќе прочитано кај нашите противници и јасно е дека Раул мора да смени нешто во играта. Во играта на Македонија се се сведува на шутот на Лазаров, на моменталните блесоци на Манасков и на играта на пикер. Овој меч е идеална шанса за Кузмановски и Талевски да преземат поголема одговорност, бидејќи големи играчи може да се стане само на големи натпреварувања. Ова е мжеби последната шанса за нив на овој шампионат, бидејќи после овој меч следуваат многу потешки натпревари.

Македонија сака комотна разлика уште на полувреме


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанскиот стручњак на клупата на Македонија останува до тезата дека националниот тим треба да оди „чекор по чекор“ на ова Светско првенство. Тоа за него значи дека максимално треба да се пристапи на секој дуел, без разлика на тоа со каков квалитет располага противникот. Дел од поискусните играчи истакнаа дека мечот со Бахреин може да претставува и шанса за помладите и понеискусни ракометари. Но Раул отфрли вакво сценарио и порача дека ќе започне сериозно уште од самиот старт, излегувајќи со најсилниот тим со кој располага. Доколку се оди според планот и Македонија има комотно разлика на полувреме, тогаш во вториот дел тој дефинитивно ќе одмори некој од играчите.

Бахреин

Бахреин и не е така слаба репрезентација

Оваа селекција четири пати успеа да стигне до финалето на Азиските првенства, но за жал сите четири пати загуби додека не го освоија сребрениот медал во 2010 година. Бахреин влезе на мапата на меѓународниот ракомет, кога го одиграа првиот континентален финален меч што го загубија против Кореа. Подоцна во 2014, 2016 и 2018 година, тие беа поразени трипати по ред во финалните дуели од нивните соседи Катар, вклучувајќи и две финалиња на домашен терен во Манама во 2014 и 2016 година.

Кристијансон добро ја знае Македонија

Кристијансон добро ја познава Македонија, бидејки како селектор на Исланд има одиграно многу натпревари против нашата селекција. Сигурно е дека скандинавскииот начин на брза игра ќе биде еден од главните адути на Бахреин. Во подговителниот период Бахреин ја совлада Грција со осум голови предност, што само е дополнителен показател дека мора сериозно да го сфатиме овој натпревар. Освен тоа, Бахреин одигра солидно и над очекувањата против Шпанија. Бахреин изгуби со 33:23, но долго време се држеше добро против фуријата. Тие ја гледаат шансата против нас, иако тоа звучи малку нереално, но може да биде многу опасно по Македонија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…