Дома Македонски спорт Натпреварите на Македонија на Светското првенство со директен преност на МРТ!

Натпреварите на Македонија на Светското првенство со директен преност на МРТ!

Македонската репрезентација до 18 години ја помина групната фаза со три победи, а од вечерва со натпреварот против Шведска стартуваат натпреварите од главната фаза.

Почнувајќи од вечерашниот натпревар сите останати ќе се пренесуваат на Македонската радиотелевизија. Натпреварите ќе одат директно на спортскиот канал МРТ-3. Така ќе биде и со дуелот во петок кој се игра во истиот термин од 20:30 часот.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Потоа без разлика дали Македонија ќе се пласира во четвртфиналето ќе има уште натпревари затоа што ќе се разигрува и за пласман од 9-то до 16-то место.

Во досегашните три натпревари Македонија го победи Сенегал со 32:13, Узбекстиан со 39:30 и Иран со 31-19. Во главната фаза со пласманот на Иран пренесуваме два бода. Сега во главната фаза сме во група со Шведска и Исланд и од тука првата и втората репрезентација одат во четвртфиналето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…