Според последните информации турскиот второлигаш Гозетепе е во преговори за ангажман на повремениот македонски репрезентативец Давид Бабунски.




Бабунски е слободен откако се раздели со Мезоковешд на почетокто на новата година. Се споменува дека унгарски и шпански клубови исто така покажале интерес да го доведат, но Гозетепе бил фаворит.




Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Освен Бабунски во Гозете по трет пат во кариерата би можеле да го гледаме Адис Јаховиќ. Јаховиќ на двапати го носеше дресот на овој клуб, а сега настапува во Бодрумспор.




Засега Гозетепе е на 11-та позиција во втората турска лига и нема големи шанси за промоција во првата.