Дома Фудбал Потрес во македонскиот фудбал: Бабунски потпиша за Вардар!

Потрес во македонскиот фудбал: Бабунски потпиша за Вардар!

Македонскиот фудбалер Давид Бабунски и официјално е нов фудбалер на Вардар, откако денеска беше потврдена неговата соработка со скопскиот прволигаш. Искусниот играч стави потпис со „црвено-црните“ и за него ова ќе биде прв клуб на домашната сцена.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Со ангажманот на Бабунски, Вардар добива големо засилување во средниот ред и дополнителен квалитет во борбата за самиот врв на табелата. Тој доаѓа без финансиска отштета, по истекот на договорот со шкотскиот Данди јунајтед, каде што настапуваше во изминатата сезона.

Кариерата Бабубнски ја започна академијата на Барселона, по што следуваа настапи за Црвена Звезда, Јокохама Ф. Маринос, Омија Ардија, Ботошани, Виторул Констанца, Дебрецен и Мезоковешд.

За сениорската репрезентација на Македонија има запишано 18 настапи, а претходно играше и за сите младински категории, вклучувајќи ја и селекцијата до 21 година, за која постигна пет погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од приведување со старлета до финале на СП: Неверојатна приказна на Славко Винчиќ

Словенечкиот арбитар Славко Винчиќ доби најголемо признание во досегашната судиска кариера…