После отворената покана на Кристиано Роналдо направена и симулација.
И понатаму во фудбалскиот свет се зборува за поканата на Кристиано Роналдо до Лионел Меси да му се придружи во Серија А.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Јасно е тешко дека такво нешто во овој момент изгледа невозможно, но луѓето од „Фудбал Менаџер“ за оваа сезона го преселија Меси во Наполи кој е најблиску по квалитет до Јувентус на „Чизмата’.
Еве што се случи на онлајн симулацијата.
Секако, двата тима се бореа за титулата, но Наполи (како и во реалноста) испадна на есен од Лигата на шампионите. Тоа им даде предност во првенството, Јуве мораше да игра на два фронта и на крајот ја изгуби титулата. Наполи имаше три бода повеќе.
Јуве не ја освои ниту Лигата на шампионите, елиминирани беа во полуфиналето од Манчестер Сити.
Ако е за некоја утеха, Роналдо имаше многу подобра сезона од Меси. Постигна 33 гола, имаше 20 асистенции, додека Меси имал учинок од 15 погодоци и исто толку асистенции.