Дома Фудбал Италија Наполи ќе бара посебни договори од афричките фудбалери или повеќе неа да ги купува

Наполи ќе бара посебни договори од афричките фудбалери или повеќе неа да ги купува

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис изјави дека во иднина ќе бара играчите од Африка да потпишат посебни договори, во спротивно нема да ги доведува.

Де Лаурентис е лут поради тоа што играчите од Африка на сред сезона заминуваат да играат на Африканскиот куп на Нации. Тој ќе бара од нив да потпишат договори дека нема да играат овој турнир додека се во Наполи, ако не потпишат таков договор нема да ги доведе.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Немам никаков проблем, но нека потпишат прво некаков договор дека се откажуваат од играњето на Африканскиот Куп на Нации. Во спротивно нема да доведувам афрички фудбалери. Ние сме како идиоти кои ги плаќаат, тие одат да играат цел месец некаде н друго место“, изјави Де Лаурентис.

Во овој разговор сопственикот на клубот на Елиф Елмас откри и декка пред сезонат 2017/2018 добил понуда да го продаде Наполи за 900 милиони долари, но ја одбил.

Нова сезона Наполи ќе ја започне со гостувањето кај Верона, тој дуел на програмата е на 15-ти август.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Легендата на Арсенал доби дрес од Вардар

Легендарниот фудбалер на Арсенал, Сол Кембел кој во овој период е во Македонија, а во изми…