Италијанските медиуми пренесуваат дека Наполи го договорил трансферот на Хвича Кварацхелија, или грузискиот „Меси“.
22-годишниот крилен фудбалер ќе пристигне на лето и треба да биде наследник на Лоренцо Инсиње, кој го напушта клубот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Грузиецот го сврте вниманието кон себе со добрите настапи во дресот на Рубин Казан и беше избран за најдобар млад фудбалер во руската лига минатата сезона.
За него силен интерес покажуваа неколку европски гиганти, но Наполи успеа да ја победи конкуренцијата.
Кварацхелија пред две недели ја напушти Русија поради војната и се врати да игра во родната Грузија, а на лето ќе се пресели во Наполи.