Дома Останати Тенис Надал пред тениското класико со Ѓоковиќ: Играме во поинаква ситуација од претходно, но ќе дадам се од себе

Надал пред тениското класико со Ѓоковиќ: Играме во поинаква ситуација од претходно, но ќе дадам се од себе

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал беше подобар од Мартон Фучович во три сета и со тоа закажа дуел со репрезентативецот на Србија – Новак Ѓоковиќ.

По тој повод тој зборуваше за медиумите на Олимписките игри во Париз. Тоа ќе биде 60-ти дуел на двајцата најдобри тенисери на сите времиња, а Ѓоковиќ моментално води со 30-29 во меѓусебниот скор.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Играме во поинаква ситуација од претходно, претходно игравме во завршната фаза на турнирот, борејќи се за важни работи. Не знам на кое ниво можам да бидам“, изјави освојувачот на 14 Грен слем титули на Ролан Гарос.

„Ќе се обидам максимално да му создадам проблеми. Неизвесно е што ќе се случи, но ќе излезам на теренот со правилен став и ако ми дојде инспирација, ќе дадам се од себе да ја направам вечерта посебна. Тоа е натпревар на кој се радувам, но јас сум претпазлив бидејќи не знам на кое натпреварувачко ниво можам да бидам. Уживам во ова искуство“

Надал проговори и за проблеми со препоните.

„Решив да играм откако разговарав со тимот. Работам многу со физиотерапевтот овие денови и ногата се држи. Неизвесно е како мускулот ќе реагира, но се чини дека тоа директно не влијае на моето движење“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Агаси го „отпиша“ Србинот за следната сезона: Мислам дека Ѓоковиќ ќе остане без енергија

Новак Ѓоковиќ ќе ја започне новата сезона со учество во Бризбејн (30 декември – 6 ја…