Дома Останати Тенис Надал откажал тренинг, се помалку шанси да игра на ОИ

Надал откажал тренинг, се помалку шанси да игра на ОИ

На жрепката за Олимписките игри Рафаел Надал дозна дека доколку го победи Фучович во првото коло, најверојатно во следната рунда ќе игра против Новак Ѓоковиќ. Сепак, за време на тренингот во четвртокот попладне, славниот Шпанец прекина со тренинзите поради повреда.

Рафаел Надал, познатиот шпански тенисер, секако е некој кој е во центарот на вниманието на овогодинешните Олимписки игри во Париз.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Ова сигурно се последните Игри за него, но Шпанците на својата национална телевизија објавија дека го откажал тренингот.

На теренот требаше да биде со Александар Зверев, но откажа бидејќи се пожали на болки во тетивата.

Да потсетиме, Новак Ѓоковиќ патот до златото го дозна на Олимписките игри каде веќе во второто коло можеше да се сретне со Рафаел Надал.

Тенискиот олимписки турнир во Париз ќе трае од 27 јули до 4 август.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ во февруари ќе ја нападне титулата во Доха

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра во февруари следната година на турнирот во…