Најскапиот фудбалер во светот во натпреварот од 1/16 финалето на францускиот Куп против Стразбур на 23. јануари ја обнови повредата на петтата, поради што надвор од теренот ќе биде два месеци. Меѓутоа, Нејмар пронајде интересн начин како ќе го помине времето додека се оборавува, гледајќи еспорт.
Не е тајна дека Нејмар е голем фан на гејмингот, а особено на „Counter Stike“: „Global Offensivea“ и неколку бразилски тимови се натпреваруваат во тој еспорт. Во неколку наврати се сликаше со играчите на тимот „Made in Brasil“, а голем навивач е на „FURIA Esports“, релативно новата бразилска еспорт организација.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ова ги налути навивачите на ПСЖ и многумина коментираа дека повеќе во ПСЖ нема место за него со оглед на неговото однесување. Дали си заминува?… ќе дознаеме во текот на следното лето.
„Во моментов Нејмар е повреден. Тоа ги загрижува тие кои го сакаат фудбалот и кои обожаваат да го гледаат како игра. Ќе биде надвор од игра најмалку 10 недели. Враќање против Манчестер Јунајтед е невозможно. Сепак, сакам да апелирам до судиите да му пружаат повеќе заштита на Нејмар“, изјави таткото на најскапиот фудбалер.
„Шпекулациите за враќање во Барселона? Има само двајца луѓе кои можат да зборуваат за иднината на Нејмар, тој и јас. Тој е многу среќен во Париз. Не е вистина дека имало контакт со Барселона. Неговата сегашност и неговата иднина се во Париз. Сепак, тешко е да се зборува за иднината, бидејќи во фудбалот таа може да се промени во секој момент“, изјави Нејмар Сениор.