Дома Фудбал Останато Навивачите на Барса лути на Валверде: Знае ли да го извлече најдоброто од Де Јонг?

Навивачите на Барса лути на Валверде: Знае ли да го извлече најдоброто од Де Јонг?

Репрезентацијата на Холандија вчера во фантастичен натпревар ја совлада Германија на гости со 2:4 во петтото коло од квалификациите за Европското првенство.

Германците водеа после првото полувреме со 1:0, но Холандија во продолжение преку Де Јонг изедначи, а потоа со автоголот на Таха стигна до водство.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Домашниот тим успеа да изедначи на 2:2, но избраниците на Роналд Куман постигнаа уште два гола и стигнаа до важна победа.

Одличен натпревар одигра играчот на Барселона, Френки Де Јонг кој покрај голот и во останатите сегменети беше одличен и покажа за каков фудбалер се работи.

Сепак, голем број навивачи на каталонскиот тим после вчерашниот натпревар беа лути на Валверде бидејќи сметаат дека тренерот на Барселона не знае да го извлече најдоброто од младиот холандски играч.

Тие му замерија на Валверде шт во последните три натпревари го става Де Јонг на три различни позиции и сметаат дека неговиот вчерашен настап е последица на тоа што Куман знае да го извлече најдоброто од него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал Мадрид преку Јувентус во четвртфинал

Реал Мадрид со минимални 1:0 го совлада Јувентус во осминафиналето на Светското клупско пр…