Дали навивачите се свесни за одличните настапи кои ги прикажува Германецот?
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Арсенал денес во дербито на северен Лондон потсети на најдобрите денови, а еден од најдобрите натпревари во сезоната ги одигра Германецот, Месут Озил.
Озил оваа сезона често пати беше оспоруван од страна на навивачите за недоволно залагање во најважните моменти, но Озил со денешниот настап сигурно дека им ги затвори устите на критичарите.
Освен тоа што беше асистент при првиот гол на Мустафи, Германецот успеа креира неколку опасни прилики за својот тим.
После ова коло, Озил стигна до бројката од 34 создадени прилики за своите играчи и според овој параметар е најдобар во Премиер лигата.
Останува да видиме како ќе реагираат навивачите после овој настап на Озил, бидејќи сепак за големи дела потребна е константност во формата, а не повремен блесок.