Манчестер Јунајтед има намера да се раздели со двајца дефанзивци, Матео Дармијан и Маркос Рохо за да го финализира трансферот на еден врвен дефанзивец.
Сериозен интерес за Рохо покажува Вулверхемптон кој е спремен да понуди 25 милиони фунти, меѓутоа проблем е големата плата која ја заработува Аргентинецот на „Камп Ноу“.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Дармијан пак има неколку понуди од Серија А, но Манчестер Јунајтед нема намера да го пушти за сума помала од 20 милиони евра.
Еден од основните приоритети на Жозе Муроњо е привлекувањето на централен дефанзивец, а на листата желби се наоѓаат Алдервајлед од Тотенхем, Мекгваер од Лестер и Јери Мина од Барселона.
Последните информации од Островот тврдат дека „црвените ѓаволи“ веќе испратиле понуда до Барселона и се спремни да платат 30 милиони евра за Јери Мина.