Манчестер Јунајтед во еден тежок натпревар го совладаа тимот на Бурнемоут со 2:1 во 11-то коло од Премиер лигата.
Тимот на Жозе Мурињо губеше од 11-та минута откако погоди Вилсон за 1:0. Марсијал изедначи во 35-тата, а за голем пресврт погоди Маркус Рашфрод во 92-та минута. Јунајтед изгледаше очајно во поглемиот дел од првото полувреме, но во продолжение тимот на Мурињо заигра многу подобро и заслужено стигна до победата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Но, иако неговиот тим победи Жозе Мурињо не беше премногу задоволен.
„Да, во второто полувреме одигравме одлично, но на полувремето им кажав дека ниту еден тренер нема среќа каква што имам јас. На полувремето требаше да губиме 5:2 или 6:2, изгледавме очајно. Тим не може да одигра полошо од она што ние го одигравме во првиот дел. Не сфаќам зошто во секој натпревар влегуваме толку бавно и лежерно“, изјави Мурињо после натпреварот.