Дома Фудбал Англија Мурињо незадоволен од атмосферата на „Олд Трафорд“ – одржан состанок!

Мурињо незадоволен од атмосферата на „Олд Трафорд“ – одржан состанок!

mourinho

Како што пишуваат англиските медиуми, Жозе Мурињо одржал состанок со Ед Вудворд бидејќи не е задоволен од атмосферата на „Олд Трафорд“.

Мурињо неколку пати оваа сезона истакнуваше дека навивачите едноставно не пружаат доволно поддршка на неговите фудбалери. Поради тоа денес бил одржал состанок на кој Мурињо и Вудворд се обидувале да најдат решение на овој проблем.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Според медиумите, Мурињо со своите сонародници веќе неколку недели се обидувал да пронајде решение и изгледа дека конечно успеале.

Наводно, договорено било задачата за правање атмосфера на стадионот да биде доделена на главната навивачка група „Manchester Unites Dupperters Trust“ (MUST).

Имено, планот е по неколку членови на оваа група да бидат распоредени на останатите трибини каде што поголемиот дел од навивачите само седат и ги следат натпреварите. Португалецот верува дека ваквиот потег ќе помогне за подобрување на атмосферата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Започна големото судење на Манчестер Сити

Судењето против Манчестер Сити започна денеска, откако Премиер лигата поднесе обвинение пр…