Дома Фудбал Останато Мурињо: Знам со кој тим ќе играме против Шкендија

Мурињо: Знам со кој тим ќе играме против Шкендија

Екипата на Тотенхем вечерва ќе пристигне во Скопје каде што утре ќе го одиграат натпреварот од 3. Квалификациско коло против Шкендија.

Како и што беше најавено Мурињо денешната прес-конференција ја држеше од Лондон, а македонските новинари можеа да бидат вклучени преку апликацијата „Зум“.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Мурињо на прес-конференција објасни дека за Шкендија информации добил од неколку места од Македонија. Потсети и на натпреварот во Бугарија против Локомотив Пловдив кој не беше лесен за „петлите“.

„Информации за Шкендија добив од неколку различни страни во Македонија. Натпреварите на Балканот секогаш се тешки и тоа го видовме во Бугарија. Како и да е ние сме подготвени и добро знам со кој тим ќе играме во Скопје“, изјави Мурињо.

Тука можете да ги погледнете составите кои ги најавуваат англиските новинари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ајозе Перез на „Камп Ноу“ го имаше промашувањето на сезоната (Видео)

Барселона го победи Виљареал со 4-1, а во воој натпревар го видовме и најголемото промашув…