Дома Фудбал Англија Мурињо: Да го одморам Лукаку? Кој ќе игра тогаш?

Мурињо: Да го одморам Лукаку? Кој ќе игра тогаш?

Жозе Мурињо пред натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Евертон кој е на програмата во недела од 17:00 часот, потврди дека во тимот нема да биде Алексис Санчез, а зборуваше и за одмарањето на играчите.

Во последните седум натпревари Манчестер Јунајтед победи на само еден натпревар и тоа портив Њукасл (последно пласираниот тим на табелата). Во тој натпревар Јунајтед имаше негатива од 2:0, но на крајот успеаа да го свртат резултатот во своја корист.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Против Јувентус не можевме да го одмораме Лукаку. Кој тогаш ќе игра во нападот? Не можам со Маркус Рашфрорд да играм затоа што тогаш би немало кој да биде на крилната позиција. Не сме во позиција да можеме да размислуваме за одмор на играчите. Ги користам сите кои можат да одговорат на задачите“, изјави Мурињо

Португалецот потоа ја прокоментира и ситуацијата на Алексис Санчез.

„Некои репрезентации беа професионални во односот кон нас и ни ги вратија играчите со цел да започне нивниот процес на опоравување. Некои пак ги задржаа и ние го знаевме степенот на нивната повреда. Санчез дојде повреден, се обиде да помогне против Челзи, но не беше спремен, поради тоа и не настапи против Јувентус“, истакна Мурињо.

Натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Евертон се игра во недела со почеток во 17:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арсенал ита кон титулата, но и големо засилување од Баерн: „Близу е!“

Лондонскиот клуб оваа сезона по долго време може да се искачи на тронот на Премиер лигата.…