Дома Фудбал Останато „Мундо Депортиво“: Ова ќе биде новиот тренер на Милан!

„Мундо Депортиво“: Ова ќе биде новиот тренер на Милан!

„Мундо Депортиво“ тврди дека Милан има нов тренер, наводно „росонерите“ постигнале договор со 54 годишниот тренер Марселињо Гарсија Торал кој сега е без клуб откако претходно ја водеше Валенсија.

Шпанските медиуми тврдат дека Марселињо ќе го превземе клубот на лето и така ќе го наследи Стефано Пиоли кој дојде во Милан на местото на Марко Џампаоло.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Марселињо минатата сезона го освои шпанскиот куп, а сега наводно ќе дојде во Милан и има желба да го врати италијанскиот гигант на славните патеки.

Во последните неколку недели Марселињо имаше низа понуди од клубови кој можеше да ги превеме веднаш, но одлучил да ги одбие за наводно да седне на клупата на Милан.

Претходно италијанските медиуми пишуваа дека Ралф Рагник е главен фаворит за тренер на Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Во Реал Мадрид сè уште се лутат на Франс Фудбал

Од “Франс Фудбал” се обиделе да се помират со Реал Мадрид и дури имаат испратено свои прет…