Дома Фудбал Англија Емери замина, нов Шпанец го презема Арсенал

Емери замина, нов Шпанец го презема Арсенал

Унаи Емери доби отказ година и полoвина откако стана тренер на Арсенал. Привремено на клупата го наследи Фреди Љумберг. Играчката легенда на „топџиите“ ќе го води тимот против Норвич во недела, но јасно е дека тој не е трајно решение.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Раководството на Арсенал е во потрага по нов менаџер, па медиумите шпекулираат со неколку имиња. Од Шпанија доаѓа информација дека еден од главните кандидати е бившиот тренер на Валенсија, Марселињо.

Марселињо доби отказ во Валенсија на почетокот на септември оваа година поради недоразбирање со раководството и моментално е без ангажман.

Наводно „топџиите“ веќе стапиле во контакт со Марселињо и ја разгледуваат можноста да го донесат на „Емирати“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Милан може да го намами поранешниот број 10 да се врати и да го замени Леао

Додека чека што ќе се случи со поврзаниот со Турција Рафаел Леао, Милан ги оценува неколку…