Македонскиот репрезентативец и од неодамна член на Вардар, Борко Ристовски постојано апелира да се купуваат македонски производи и на тој начин да се помогне на економијата во нашата земја.
Пред неколку дена тој го предизвика Наумче Мојсоски преку неговиот Инстаграм профил.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мојсоски го прифати предизвикот, но го дополни и го поправи Борко дека неговото презиме се пишува со голема буква како и секое друго.
“Предизвикот на Борко Ристовски не само што е прифатен туку е надграден. Не само што купувам македонски произвоиди туку и донирам кон оние на кои им е најпотребно, особено во време на криза. Доброто со добро се враќа.Борко, донирав јас, донирај и ти. Патем, приклучи се на иницијативата #Спортистипротивкоронавирус заедно да ја победиме оваа утакмица, утакмица за здравјето на сите наши граѓани.Топката е фрлена.
ПС: Ристовски, моето презиме како и сечие, се пишува со голема буква“, стои во објавата на Мојсоски.