Дома Македонски спорт Мак ракомет Борко во новата сезона ќе добие нова улога во Вардар

Борко во новата сезона ќе добие нова улога во Вардар

Искусниот Борко Ристовски во новата сезона ќе остане во Вардар, но со нова улога.

Заедно со поголемиот број првотимици Борко нема да замине и покрај тоа што црвено-црните нема да играат во Лигата на шампионите наредната сезона.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ристовски имал средба со првиот човек Михајло Михајловски кој денес одржа прес-конференција за медиумите. Во наредната сезона Ристовски ќе има улога тренер на голманите, функција која минатата сезона ја извршуваше Вени Лосерт.

Сигурно дека Борко ќе биде добра поддршка за младите Томовски и Гогов. Кога е Томовски во прашање неговото останување се уште не е потврдено затоа што Михајловски истакна дека наскоро по враќањето на Томовски во Македонија ќе разговара со него.

Ристовски ако има потреба во текот на сезоната и ќе застане помеѓу стативите, но „товарат“ на сезоната треба да го понесат младите голмани.

Фото: РК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Започна пријавувањето за Виз Ер Скопскиот маратон

На 06.10.2024 со старт 08:00 часот, ќе се одржи 20. јубилејно издание на најпознатата и на…