Aлваро Мората би можел повторно да се пресели во Италија и тоа во уште еден голем клуб, според последните информации од италијанските медиуми, Милан е сериозно „загреан“ да го доведе во своите редови.
Мората има договор со Атлетико Мадрид до јуни 2024 година, а според информациите на „Газета дело Спорт“ тој би можел да го напушти клубот за сума од околу 15 милиони евра.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Со оглед на годините на Ибрахимовиќ очекувано е Милан да бара ново решение во нападот и Шпанецот би можел да биде опција.
Понуди за Мората има и од МЛС лигата, од каде што сигурно би добил подобар договор во финансиска смисла. Мората во Италија на двапати го носеше дресот на Јувентус по две години, па така добро е запознаен со фудбалот на „Чизмата“.
Milan, in testa c'è #Morata. E il contratto è un assist al Diavolo #acmilan #morata #calciomercato https://t.co/eCC20gNidB
— La Gazzetta dello Sport (@Gazzetta_it) March 24, 2023