Алваро Мората како што стојат работите во наредната сезона би можел да не го носи дресот на Атлетико Мадрид, но шпанскиот напаѓач најави и напуштање на репрезентацијата.
Мората во пресрет на полуфиналето на Европското првенство даде изјава со која не криеше дека размислува за крај на репрезентативната кариера. Не е сигурен ниту во своето останување во Атлетико.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Во фудбалот ништо не е невозможно, но понекогаш ми е тешко поради силните критики во Шпанија. Овој турнир сакам да го завршам на најдобар можен начин бидејќи ми е последен во дресот на репрезентацијата. Би можел да се простам по Европското првенство. Тоа можност, но не би сакал сега премногу да зборувам за тоа“, изјави Мората.
Дресот на Атлетико Мората го носи од 2019 година со тоа што една сезона беше на позајмица во Јувентус каде што и претходно настапуваше од 2014 до 2016 година.