УЕФА донесе одлука преостанатите натпревари од Лигата на шампионите и Лигата на Европа да се играат во август.
Лигата на шампионите ќе се игра во посебен формат во Лисабон, додека натпреварот од Лигата на Европа ќе се играат во четири германски града Келн, Дуисбург, Дизелдорф и Гелзенкирхен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Натпреварите од Лигата на шампионите ќе се играат во Лисабон, а во четвртфиналето и полуфиналето ќе се игра само еден натпревар. Финалето е на распоред на 23. август, додека турнирот во Лисабон почнува девет дена претхоно.
После оваа одлука се огласи и претседателот на УЕФА, Александар Чеферин кој порача дека постои шанса на овие натпревари да има навивачи, доколку се стекнат услови за такво нешто.
„Сегашната одлука е сите натпревари од Лигата на шампионите и Лигата на Европа е да се играат пред празни трибини, но до август тоа може да се промени. Постои шанса навивачите да бидат на трибините доколку се создадат услови за тоа. Не е јасно дали тоа ќе бидат само локални фанови или навивачи на клубовите кои ќе можат да допатуваат на натпреварите на своите екипи. Ќе ја следиме ситуацијата со Ковид-19 и ќе бидеме пресреќни ако имаме услови натпреварите да се играат со навивачи на трибините. Но, ќе повторам засега важи одлуката да нема навивачи“, изјави Чеферин.