Американските медиуми во изминатиот период шпекулираа за можноста Василије Мициќ да се пресели во Денвер каде што би играл заедно со Никола Јокиќ.
Откако се појавија овие гласини Мициќ се огласи со својот коментар и ги отфрли таквите најавите.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Останувам во Шарлот, тоа е официјално. Сите овие шпекулации кои беа не сакав да ги коментирам бидејќи немаше ништо конкретно. Веројатно постоеше некој интерес, но ништо важно за да се огласам. Среќен сум, тука ме сакаат и се надевам дека оваа година ќе биде подобра за мене“, изјави Мициќ.
Сепка, не ја исклучува можноста во иднина работите да се променат.
„Не знам, мене ми е желба да играме заедно со Јокиќ. Но, не можам да кажам што ќе се случува понатаму“, додаде српскиот кошаркар.