Дома Фудбал Англија Можеш да бидеш и играч на натпреварот ама Жозе си има свои критериуми

Можеш да бидеш и играч на натпреварот ама Жозе си има свои критериуми

Toтенхем вчера го победи Лудогорец со 3:1 и го превзема врвот во групата во Лига Европа.

Наградата за играч на натпреварот му беше доделена на Џовани Ло Селсо, стрелецот на третиот гол на тој натпревар.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Иако Ло Селсо беше играч на мечот сепак Мурињо најде зошто да го критикува. Португалецот го критикуваше Ло Селсо за лошата физичка подготвеност.

„Добар е со топка, но не и без неа. Не е во добра физичка форма“, го критикуваше Мурињо, Ло Селсо.

Поради послабата физичка спремност Ло Селсо од почетокот на сезоната во Премиер лигата на теренот се најде само еднаш. Против  Лудогорец доби шанса, но не ги одигра сите 90 минути. Набрзо после голот беше заменет.

„Во текот на карантинот претходната сезона имаше проблеми, не тренираше во тој период така осцилираше во текот на припремите. Значи, тој сега започнува и мора да оди чекор по чекор“, порача португалскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Летото за Барселона се претвори во кошмар, Флик доби уште една „корпа“

Летниот преоден рок за Барселона не оди според планот кога станува збор за засилувања во о…