Дома Фудбал Останато Модриќ: Мундијалот ме исцрпи, ми треба уште време!

Модриќ: Мундијалот ме исцрпи, ми треба уште време!

Официјално најдобриот фудбалер во светот според ФИФА, Лука Модриќ, призна дека се уште не се наоѓа во оптимална форма, после напрорното лето и Мундијалот.

„Имав само три недели да се одморам пред новата сезона. Тоа беше најкраткиот одмор во мојата кариера досега. Затоа не беше лесно да почнам повторно со Реал. Но, секој ден се чувствувам подобро. Само ми требаат повеќе дуели за да стигнам до формата која ја имав претходно“, рече Модриќ во интервју за ФИФПро.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


33-годишниот Хрват беше прогласен за најдобар фудбалер од УЕФА и ФИФА и го симна од тронот Кристиано Роналдо.

„Светското првенство целосно ме исцрпи. Но, сите во мојата земја беа нестрпливи во обидот повторно да направат нешто големо како во 1998 година. И во минатото имавме силни тимови, но работите не се одвиваа најдобро. И сега, кога дојдовме до битката за титулата, сите овие емоции што се собрани низ годините, паднаа врз нас. Се сеќавам кога се вративме во Загреб, се возевме 7 часа во автобус од аеродромот до центарот на градот. И имавме чувство дека тоа е само половина час“, раскажува Модриќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…